Инфо

Скопски „Водовод и канализација“ со нова услуга „Плати брзо“

Плаќањето преку„плати брзо“ може да се направи преку линкот: https://e.vodovod-skopje.com.mk/InstantPayment.aspx, каде со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија

среда, 05 септември 2018

Скопјани можат сметките за вода да ги плаќаат електронски преку новата веб услуга „Плати брзо“ на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Плаќањето преку„плати брзо“ може да се направи преку линкот: https://e.vodovod-skopje.com.mk/InstantPayment.aspx.

Преку оваа услуга претпријатие на своите корисниците им овозможува онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот – Мој Водовод.

На елетронскиот сервис „Плати брзо“ со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија.

Од „Водовод“ информираат дека дополнително на електронскиот систем овозможени се сите шалтерски услуги како: започнување процедура за ажурирање на личните податоци; преглед на долгот; плаќање сметки или рати, (со било која Visa, Maesto или Mastercard картичка издадена од домашна или странска банка); ажурирање на состојбата на потрошувачка на водомерот; пријавување дефект; електронска достава на месечна фактура или целосно исклучување на печатената достава на сметки.
 

Содржината е прочитана 47 пати.