Бизнис вести

Емилија Нацевска и Ана Митреска се предложени за вицегувернери

Гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска до Собранието достави предлог за именување двајца нови вицегувенери

вторник, 04 септември 2018

Емилија Нацевска и Ана Митреска се предложени за нови вицегувернери на Народна банка на Република Македонија. Гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска го достави до Собранието предлогот за именување на Нацевска и Митревска за вицегувернери.

Емилија Нацевска доаѓа од местото советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции во НБРМ, додека Ана Митреска е директор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во НБРМ.

Нацевска досега го следеше процесот на интеграција на Македонија кон ЕУ, националниот платен систем и учествуваше во креирањето на проекциите, додека Митреска беше задолжена за извештаите и аналитичките истражувања.

Двете вицегувернерски места во Советот на НБРМ се испразнија откако Ангеловска-Бежоска беше избрана за гувернер на НБРМ, а на вториот вицегувернер му истече мандатот.

 

Содржината е прочитана 87 пати.