Инфо

Фестивалот на органска храна во Скопје понуди дегустација, едукација и забава

Викендов се одржа 8. Фестивал на органска храна на кој над 20 производители и изложувачи на органски производи имаа можност да ги претстават своите производи

понеделник, 03 септември 2018

Компири, грав, грозје, кромид, пиперки, краставици, лук, пченка, патлиџан, пелистерски и мариовски мед, козјо сирење и млеко, козметика, ракотворби, беа само дел од производите што можеа да се дегустираат и да се купат на годинашниот 8. Фестивал на органска храна, што се одржа викендов на „Школка“ во Градски парк во Скопје.

Освен дегустација и продажба на производите, Фестивало нудеше и музика, дружење и едукација.

Штандови имаа повеќе од 20 органски производители и изложувачи на органски производи.

„Никулците како супер храна и придобивките од нив“, „Лековитите габи – потентни зајакнувачи на имунитетот“ и „Социјални претпријатија и органска нега“ беа темите на трите работилници по што следуваа други содржини од интерактивната програма и забава. Фестивалот заврши со јога за возрасни. Присутните имаа можност да научат нешто повеќе и за влијанието на храната кај лицата со посебни потреби.

Покровител на манифестацијата беше Град Скопје.
 

Содржината е прочитана 69 пати.