Инфо

Поскапуваат горивата

Од ноќека бензините поскапуваат за еден, а дизелот за 1,5 денар по литар

понеделник, 03 септември 2018

Од ноќеска на полноќ горивата ќе имаат нова, повисока цена. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека бензините ќе поскапат за еден, а дизелот за денар и половина од литар.

Односно, цената на еуросупер БС-95 се зголемува за 1 денар со што новата цена ќе изнесува 72 денари за литар.

Еуросупер БС-98 исто како и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1,50 денари и со тоа малопродажната цена на БС-98 ќе изнесува 74 денари, а на дизелот 64,5 денари за литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство, исто така, ќе се зголеми за 1,5 денар и ќе изнесува 53 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,951 денари за килограм и со тоа новата цена изнесува 34,004 денари.
 

Содржината е прочитана 46 пати.