Инфо

Прекинати градежните активности на гасоводот на Водно

Градоначалникот на Скопје ги повика претставниците на надлежнте државни органи и на граѓанските здруженија да дојдат во понеделник во 13 часот во Град Скопје да дебатираат за да се најде заеднички прифатливо решение за проблемот

петок, 31 август 2018

Прекинати се сите градежни активности за изградба на гасоводот на Водно. Работата ќе биде во прекин се до завршување на процесот на дијалог и дебата.

Градначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска ги повика претставниците на надлежните државни органи за изградба на гасоводот на Водно и претставниците на граѓанските здруженија кои покажаа загриженост на дебата што ќе се одржи во понеделник во 13 часот во просториите на Советот на Град Скопје.

„Изградбата на гасоводот на Водно предизвикува загриженост и реакции во јавноста. Сакам да потенцирам дека пред почетокот на градежните активности претходеа интензивни разговори со активистите и со загрижените граѓани и се бараа заеднички алтернативни компромисни решенија. Токму како резултат на овие разговори успеавме да се избориме за намалување на ширината на трасата на гасоводот од 25 на 10 метри и измени на трасата во еден дел од четири километри. Но, и покрај тоа, очигледно е дека во јавноста сè уште постои загриженост за изградбата на гасоводот. Јас, како градоначалник не можам мирно и немо да го набљудувам овој процес. Од тие причини Град Скопје одлучи во понеделник во 13 часот во просториите на Советот на Градот да организира дијалог и дебата“, рече Шилегов.

 

 

Содржината е прочитана 71 пати.