Инфо

За 5 проценти ќе се зголемат платите во основното и средното образование

Покачувањето ќе стартува со септемвриската плата

четврток, 30 август 2018

Септемвриската плата на вработените во основното и во средното образование ќе биде зголемена за пет проценти.

Владата на седница вчера ја усвои одлуката за зголемување на платите, а денеска беше потпишан договор меѓу Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура.

Целта како што информираат од Владата е подобрување на статусот на работниците во основните и средните училишта. Со спогодбата се утврдува и најниската плата на сите вработени, која во основните училишта ќе изнесува 12.714 денари, а во средните 13.117 денари.

Синдикатот ја поздрави спогодбата за покачување на платите. Оттаму велат дека ова треба да е само почеток и поттик за понатамошни зголемувања, особено во високото образование. Бидејќи на тој начин ќе се подобри и квалитетот на образованието во Македонија.

 

Содржината е прочитана 61 пати.