Инфо

Во петок ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Од понеделник ќе се врши дезинсекција од земја против возрасни форми на комарци

четврток, 30 август 2018

Третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши утре (петок), а во понеделник ќе почне четвртата фаза од прскањето од земја против возрасни форми на комарци.

Од Град Скопје информираат дека авионското прскање против ларвите утре ќе се изврши во раните утрински часови, додека терестричната дезинсекција ќе биде во текот на денот.

„Терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 3 септември (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 7 септември (петок)“, велат градските служби и појаснуваат дека доколку временските услови не го дозволуваат прскањето, тоа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин.

Пчеларите треба навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
 

Содржината е прочитана 59 пати.