Инфо

Од ноември „Рајанер“ ќе го наплатува рачниот багаж

Веќе нема да може бесплатно да се внесува торба со средна големина до 10 килограми, туку за тоа ќе се наплаќа помеѓу 6 и 10 евра

петок, 24 август 2018

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ ќе ја прекине долгогодишната практика на бесплатен багаж до 10 килограми и од ноември ќе наплаќа помеѓу 6 и 10 евра за оваа услуга.

На патниците и натаму ќе им биде дозволено во авион да носат мала лична торба, што треба да се стави под седиштето напред, но ако патникот сака да понесе кофер со средна големина, тежок до 10 килограми, тој ќе мора да плати, објави „Ројтерс“.

Ваквата одлука беше донесена поради тоа што се случуваше да се одложи полетувањето на авионот бидејќи патниците со себе носеа премногу багаж.

Конкурентските авиокомпании „Изиџет“ и „Визер“ сè уште им овозможуваат на патниците да носат рачен багаж со средна големина без надомест.

 

Содржината е прочитана 73 пати.