Култура

Клаудија Кардинале добитник на „Златна камера 300“ на фестивалот „Браќа Манаки“

Годинешното 39.издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 22 до 29 септември и ќе бидат одбележани два филмски јубилеа 100 години од раѓањето на големиот режисер Ингмар Бергман и 60 години од премиерата на македонскиот филм „Мис Стон“

петок, 24 август 2018

Италијанската светски позната филмска актерка Клаудија Кардинале е добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на годинашниот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ . Таа ќе дојде во Битола и ќе учествува на свеченото отворање на Фестивалот кога лично ќе ѝ биде врачена наградата, соопшти раководството на Фестивалот.

Годинешното 39.издание на фестивалот „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 22 до 29 септември и ќе бидат одбележани два филмски јубилеја 100 години од раѓањето на големиот режисер Ингмар Бергман и 60 години од премиерата на македонскиот филм „Мис Стон“.

„Клаудија Кардинале беше прогласена за една од најубавите 50 жени во филмската историја. Во својата кариера има освоено над 35 награди и признанија, а веруваме дека со задоволство, на фестивалската сцена во Битола, во своите раце ќе ја држи и златната ’Камера 300’“, истакна Гена Теодосиевска, директорка на ИФФК „Браќа Манаки“.

Организаторите на Фестивалот информираа дека натпреварувачкиот дел од годинешната програма ќе го оценува стручно жири предводено од Олимпија Митилинау, кинематограферка од Грција.

Фестивалот е поддржан од Општина Битола.
 

Содржината е прочитана 47 пати.