Култура

Утре вечер почнува 11. Карпошово лето 2018

Тридневната културна манифестација ќе се одржи на платото пред ТЦ „Лептокарија“ од 24 до 26 август

четврток, 23 август 2018

Tрадиционалната културна манифестација Карпошово лето 2018 ќе се одржи од 24 до 26 август на платото во ТЦ „Лептокарија“.

Општината Карпош по 11 пат ја организира ова граѓанска културно-забавна манифестација на која граѓаните ќе имаат можност да уживаат во различна и богата програма наменета за сите генерации.

„Новата енергија и новиот дух во Карпош се чувствува од секој аспект. Од оваа причина се решивме да им дадеме поголем простор на домашните изведувачи и артисти кои импонираат со својот талент, музикалност и мултимедијалност“, велат организаторите.

Тридневната културна манифестација ќе ја води Сашко Коцев, а карпошани ќе може да уживаат во звуците на македонската поп и рок музика, етно мелосот, како и во програмата наменета за најмладите генерации предводена од „Златните славејчиња“ и Петко 5+ бендот, кои претставуваат белег на урбаното и модерно Скопје. Во трите вечери на Карпошовото лето граѓаните ќе се релаксираат со Дарио Панковски, групата Нон Стоп, The Blue Funk Individuals, потоа Игор Џамбазов, Гуру Харе и пријателите (Мики Јовановски Џафер и Кристина Арнаудова), а настап ќе имаат и фолклорно студио ЕТНОС, Чалгија саунд систем, Златко Ориѓански и Бени Шаќири.
 

Содржината е прочитана 80 пати.