Бизнис вести

ЗК „Пелагонија“ во првите шест месеци годинава работеше со загуба од 179.068 илјади денари

Комбинатот реализирал оперативни приходи во износ од 330.046 илјади денари, што е намалување од 27 проценти во однос на истиот пресметковен период од минатата година

четврток, 23 август 2018

Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ АД Битола првото полугодие од оваа година го заврши со оперативна загуба од 159.225 илјади денари, што претставува пораст на загубата за 69.049 илјади денари во апсолутен износ во однос на истиот пресметковен период лани, објави компанијата преку Македонска берза.

Финансиските расходи во првите шест месеци годинава се поголеми од финансиските приходи за износ од 19.843 илјади денари, што од своја страна го намалува нето финансискиот ефект, па загубата од редовното работење на Друштвото изнесува179.068 илјади денари.

Комбинатот за шест месеци реализирал оперативни приходи во износ од 330.046 илјади денари, што е намалување од 27 проценти во однос на истиот пресметковен период од минатата година, додека остварените оперативни расходи опфаќаат износ од 729.733 илјади денари и се поголеми во однос на оперативните приходи за дури 121,10 отсто.

„Во структурата на оперативните приходи највисока е ставката на приходите од продажба на добра и услуги кои опфаќаат 88,16 проценти од вкупните оперативни приходи, или 290.972 илјади денари. Приходите од продажба бележат тренд на намалување во однос на претходната деловна година и истите се намалени за 29 отсто. Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 8.172 илјади денари и учествуваат со 2,47 отсто во вкупните оперативни приходи“, информираат од ЗК „Пелагонија“.

Долгорочните финансиски средства на крајот на јуни годинава се намалени за 0,76 отсто, или во апсолутен износ од 13.116 илјади денари.

Од ЗК „Пелагонија“ информираат дека нема исплата на дивиденда во деловната 2019 година.
 

Содржината е прочитана 74 пати.