Инфо

Вечерва во 18 часот стартува новиот сообраќаен режим на Јужен булевар

Поради изградба на подземна сообраќајница се воведува изменет режим на сообраќај на потегот од раскрсницата на улица „Јордан Мијалков“ со улица „Герман“ до раскрсницата на булевар „Македонија“ со улица „Новопроектирана 5“

четврток, 23 август 2018

Вечерва во 18 часот стартува новиот сообраќаен режим на булевар „Македонија“ (Јужен булевар) што се воведува поради изградба на подземна сообраќајница зад ТЦ „Рамстор“.

Изменетиот режим на сообраќај се воведува на потегот од раскрсницата на улица „Јордан Мијалков“ со улица „Герман“ до раскрсницата на булевар „Македонија“ со улица „Новопроектирана 5“, соопшти МВР.

Возилата што се движат по улица „Јордан Мијалков“ (поранешна „Железничка“) и улица „Герман“ нема да можат да свртат лево по булевар „Македонија“, туку ќе мора да продолжат право по улицата „Јoрдан Мијалков“ и потоа да се приклучат кон булевар „Македонија“ преку привремената улица пред крстосница со улица „Павел Шатев“.

Возилата што ќе се движат по булевар „Македонија“ на потегот од раскрсницата на улица „11. Октомври“ и булевар „Борис Трајковски“ ќе бидат пренасочени десно по улица „Новопроектирана 5“ и ќе можат да се приклучат на улица „Кирил и Методиј“.

Истовремено соодветно е изменета и трасата по која сообраќаат автобусите на јавниот градски превоз.

 

Содржината е прочитана 268 пати.