Инфо

Општина Аеродром доделува по 3.500 денари за секое прваче

Родителите на сите првачиња запишани во некое од училиштата на територијата на Општина Аеродром можат да поднесат барање за еднократната парична помош најдоцна до 31.08.2018 година

среда, 22 август 2018

Општина Аеродром за првпат оваа година доделува по 3.500 денари за секој првоодделенец во учебната 2018/2019 година. За оваа цел, Oпштината има издвоено 2,8 милиони денари од општинскиот буџет.

Родителите на сите првачиња запишани во некое од училиштата на територијата на Општина Аеродром можат да поднесат барање за еднократната парична помош најдоцна до 31.08.2018 година.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница www.aerodrom.gov.mk во менито за формулари или директно на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Зедно со барањето потребно е да се достават на увид следните документи во оригинал: потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2018/2019 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром, оригинал извод од матична книга на венчаните (за родителите/старателите на првачето) на увид, оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид, важечки лични карти од двајцата родители, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром на увид, трансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид.

Барањата можат да се поднесат во Општина Аеродром секој работен ден од 9 до 15 часот во канцеларија број 19, а исплатата на паричните средства е предвидена околу почетокот на учебната година.

 

Содржината е прочитана 25 пати.