Бизнис вести

Хотели Метропол со загуба во првото полугодие од 2018

Во периодот јануари-јуни оваа година команијата оствари негативен финансиски резултат остварувајќи загуба од 1.835 илјади денари

среда, 22 август 2018

Хотели- Метропол А.Д. Охрид прокнижи загуба во првото полугодие од оваа година. Преку Македонска берза компанијата информира дека во периодот јануари- јуни 2018 година оствари негативен финансиски резултат искажани во неревидираниот биланс на успех.

Приходите од работењето на Друштвото во првите шест месеци годинава изнесуваат 71.834 илјади денари и покажуваат зголемување од 28 проценти во однос на приходите во истиот пердио 2017 година. Најголем дел од овој приход, односно 71.333 илјади денари отпаѓа на основната дејност на друштвото, додека останатите приходи во износ од 501 илјади денари бележат намалување во однос на минатата година. Финансиските приходи бележат намалување во однос на истите во првиот семестар од 2017.

Хотели- Метропол А.Д.Охрид во првиот семестар на 2018 година оствари негативен финансиски резултат остварувајќи загуба од 1.835 илјади денари.

Расходите од работењето во износ од 70.529 илјади денари се зголемени за од 28 отсто во однос на расходите во овај период во 2017 година. Најголемо учество во вкупните расходи со 40,9 проценти се трошоците за вработените, 28.893 илјади денари и бележат раст од 22 отсто. Трошоците за суровини и материјали, во износ од 24.781 илјади денари имаат учество од околу 35,13 процети во вкупните расходи, односно се зголемени за 31 отсто во однос на иститот период минатата година. Финансиските расходи бележат намалување во однос на истите во претходната година.

Вкупните обврски по кредити на Хотели- Метропол А.Д. Охрид претставуваат 12,3 роценти од капиталот и резервите.

Од компанијата информираат дека имајќи го во предвид сезонскиот карактер на работењето, досегашната реализација на деловната 2018 година на Хотели- Метропол А.Д. Охрид е во рамките на планираните активности.

 

Содржината е прочитана 95 пати.