Бизнис вести

Отворен повик за апликации за развојна програма на микро, мали и средни компании во Макеоднија

Македонија2025 има заедничка мисија со СЕЅО да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и овозможува бесплатно менторство од врвни канадски професионални консултанти

вторник, 21 август 2018


Македонија2025 ја обележува 2018 со почетокот на нова образовна програма. Програмата имаше екслузивна најава на Самитот 2017 од страна на ко-основачот на Македонија2025, Џон Битов Помладиот, кој со фондацијата на неговото семејство се јавува и како спонзор на истата. Македонски микро, мали и средни компании ќе можат да аплицираат за оваа стипендија во вредност од 5000 американски долари.

Програмата за претприемачи- The Bitove Family Entrepreneurship Program, е основана во соработка со CESO (Canadian Executive Service Organization), канадска организација со 50-годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор и на зацврстување на структурите кои ги водат економските и општествените промени на локално, национално и меѓународно ниво.

Македонија2025 има заедничка мисија со СЕЅО да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании. Советниците на СЕЅО ќе работат на конкретни предизвици со кои македонските компании се соочуваат секојдневно. Канадските советници, според својата експертиза ќе бидат поврзани со компанија и ќе дојдат во Македонија со цел да работат заедно со македонските претприемачи на развој на нивната компанија. Тие ќе бидат на располагање на компанијата во времетраење од 2 до 4 недели и во тој период советникот преку тренинзи и менторирање ќе ги пренесува најдобрите бизнис алатки, процеси и системи за подобрување на оргнизациските, производствените, аналитичките и маркетиншките процеси на комоаниите. Советниците опфаќаат најразлични области, вклучувајќи: финансии, туризам и угостителство, агри-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, преработка на храна... 

 Програмата е наменета за микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат следните услови: минимум постоење од една година, сопственик и управител на компанијата да е македонски државјанин и жител, високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата, експертиза во одредена област, во добра финансиска состојба (има можност за имплеметирање на промените и препораките од советникот), ги исполнуваат критериумите за мали и средни претпријатија во Македонија. Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и имаат иновативни решенија.

Македонија2025 обезбедува трошоци за пат, виза, осигурување и тарифа на советникот, Евалуација на апликациите, водење на целиот процес на селекција, закажување интервјуа со интернационална комисија и претставници од СЕЅО, Координација на сите активности пред доаѓањето на советникот во компанијата и следење на соработката помеѓу советникот и компнијата.

Кандидатот, пак, обезбедува лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на советникот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик, сместување и трошоци за храна во текот на целиот престој на советникот и локални патни трошоци за советникот (доколку е потребно)
Сите заинтересирани треба да испратат на borche@macedonia2025.com пополнета апликација на англиски јазик, краток опис на компанијата, како и за тоа зошто е потребен советник (на англиски јазик). Дополнителни документи, брошури или каталози за компанијата се добредојдени

Повикот е отворен до 15 септември 2018 година.

 

 

Содржината е прочитана 384 пати.