Инфо

Седниците на Советот на Град Скопје ќе се пренесуваат во живо

Преносите би се реализирале на официјалната веб–страница на Град Скопје и на официјалните страници, канали и профили на Град Скопје на социјалните Интернет мрежи и медиуми

вторник, 21 август 2018

Седниците на Советот на Град Скопје во иднина ќе се пренесуваат во живо. На наредната седница што ќе се одржи во четврток, градските советници ќе одлучуваат за набавка на техничка опрема за реализација на видео пренос на седниците.

Надлежните во Град Скопје информираат дека со ова започнува процесот на создавање услови за пренесување на седниците на градскиот Совет во живо, со цел да се зголеми информираноста на граѓаните за работата на ова тело, како и да се зголеми транспарентноста во работењето на Градот Скопје.

Преносите би се реализирале на официјалната веб–страница на Град Скопје и на официјалните страници, канали и профили на Град Скопје на социјалните Интернет мрежи и медиуми.

Всушност, со одлуката што се очекува да биде донесена во четврток советниците ќе одобрат набавка на опрема што ќе се состои од три професионални видео камери, осветлување, компјутерска опрема и останата техничка опрема за реализација на оваа активност.

 

Содржината е прочитана 48 пати.