Инфо

Во јуни исплатена просечна нето плата во висина од 24.203 денари

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека нето платата во јуни годинава е за 6,1 отсто повисока од платата исплатена во јуни лани

вторник, 21 август 2018

Во јуни годинава била исплатена просечна нето-плата по вработен во висина од 24.203 денари што претставува раст од 6,1 отсто во однос на јуни лани, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата исплатена во секторите рударство и вадење камен во висина од 20,4 проценти, во информации и комуникации за 16,7 и во преработувачка индустрија за 14,7 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување и тоа за 14 отсто, кај објекти за сместување и сервисни дејности со храна 11,3 отсто и намалување за три проценти во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според податоците на ДЗС во јуни годинава била исплатена просечна бруто-плата по вработен во висина од 35.530 денари.
 

Содржината е прочитана 20 пати.