Инфо

Од утре па во наредните шест години ќе има изменет сообраќаен режим на Јужен булевар

Поради градежни активности за изградба на подземна сообраќајница од страна на компанијата „Лимак“ се воведува привремен режим на булеварот „Македонија“, на потегот зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“ како и промена на трасите на автобусите од јавнот превоз

вторник, 21 август 2018

Од среда (22.08.2018 година) поради изведување градежни активности за изградба на подземна сообраќајница од страна на компанијата „Лимак“ се воведува изменет сообраќаен режим на булеварот „Македонија“ (Јужен булевар), на потегот зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“. Новиот сообраќаен режим ќе важи во наредните шест години. 

Од Град Скопје информираат дека поради градежните работи ќе има промени и во трасите на автобусите на јавниот превоз кои сообраќаат по оваа сообраќајница. Тоа значи дека трасата на движење на автобуската линија бр. „9“, во насока од Клинички центар кон Скопје Север е променета па на крстосницата меѓу улицата „Јордан Мијалков“ (поранешната „Железничка“) и улицата „Герман“, автобусите нема да вртат лево кон булеварот „Македонија“, туку ќе продолжат да се движат право и подоцна ќе се приклучат кон булеварот „Македонија“ преку привремена улица пред натпатникот на улицата „Павел Шатев“ и ќе продолжат да се движат по постојната траса.

Притоа автобуската постојка на булеварот „Македонија“ што се наоѓа во непосредна близина на катната гаража спроти „Макпетрол“ привремено ќе биде преместена на улицата „Јордан Мијалков“, по пешачкиот премин кој води до паркот „Урбан парк“.

 

Содржината е прочитана 121 пати.