Инфо

Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскап

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 72,5 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 63 денари за литар

понеделник, 20 август 2018

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека дизелот ќе поскапи за половина денар од литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 72,5 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 63 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста, односно 51,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,598 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 33,053 денари.

Причина за промената на цените на нафтените деривати е за четири отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена, како и за 3,03 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

 

Содржината е прочитана 47 пати.