Инфо

Материјално обезбедување за уште 1.600 стечајци

До овој момент материјално се обезбедени 6.240 лица, а со Законот ќе бидат опфатени вкупно 7.840 граѓани

среда, 01 август 2018

Уште 1.600 стечајци ќе добијат материјално обезбедување со најновите законски измени што ги усвои Владата на вчерашната седнца. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски информираше дека со Законот ќе бидат опфатени вкупно 7.840 лица од оваа категорија граѓани, а до овој момент материјално се обезбедени 6.240 лица.

„Во два наврата донесовме Закон за конечно решавање на децениските проблеми на стечајците. Со вчерашната одлука на Владата се овозможува дополнително обезбедување на 1.600 невработени лица од оваа категорија наши сограѓани. Тие со децении имаат проблем да се социјализираат по она што се случи во минатото. Конечната бројка на стечајни работници што ќе бидат згрижени ќе изнесува 7.840“, рече Бошњаковски.

 

Содржината е прочитана 49 пати.