Инфо

Косово целосно ги укина дополнителни царини на земјоделски производи

Одлуката на косовската Влада стапува во сила од утре

вторник, 31 јули 2018

Косово целосно ги укина дополнителните царини за увоз на земјоделски производи. Одлуката стапува во сила од утре, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Пред неколку минути бев информиран дека Косово ја повлече одлуката во целост, а претходно на владина седница на косовската Влада биле земени во предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна на петочната средба во Приштина“, рече Бектеши.

Косово на 18 јули годинава донесе одлука да ги зголеми царините на 21 земјоделски прозвод за 30 отсто. Поради двонеделниот стопиран извоз на овошје и зеленчук од нашата земја македонските земјоделци претрпеа штети. Висината на настанатите штети допрва ќе се утврдува по што ќе знае дали ќе бидат донесени некакви конкретни мерки и одлуки за нивно надоместување.
 

Содржината е прочитана 63 пати.