Бизнис вести

Дистрибуирано летното издание на Бизнис каталог 2018 на Република Македонија

Каталогот е единствен промотивен и туристички примерок од ваков вид во државата

вторник, 31 јули 2018

Почитувани,

Пред Вас е најновото, летно издание на Бизнис каталог на Р.Македонија 2018. Имате можност да се запознаете со списанието кое е единствен промотивен и туристички примерок од ваков вид во државата.

Печатеното издание на Бизнис каталогот е веќе дистрибуирано. Присутно е во Бизнис и ВИП салонот на аеродромите на ТАВ Македонија, во амбасади, конзуларни претставништва, во министерства, но и во широката продажна мрежа низ Македонија, каде што оди заедно со подарок – ваучер од издавачката куќа „Матица“ со 50 проценти попуст за најновата книга „Куферот од Берлин“ на еден од најпродаваните автори на Балканот, српската писателка и новинарка, Јелена Бачиќ Алимпиќ.

Ваквиот ексклузивен примерок на Каталогот со подарок може да го најдете на следните продажни места: на трафиките низ Скопје: (Зелен пазар, ГТЦ, Веро-Тафталиџе, Државна болница, спроти т.ц. „Буњаковец“, населба Капиштец, кај Студентскиот дом во Центар, на почеток на бул. „Партизански одреди“, наспроти т.ц. „Капитол“, кај Соборен храм, наспроти т.ц. „Рамстор“, кај Општина Центар и на ул. „Македонија“), и во централните подрачја на Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и во други градови.

На повеќе од 100 страници на англиски и на македонски јазик летното издание на Бизнис каталогот 2018 нуди одлични содржини и бројни интервјуа со личности од најразлични области. Овој број е збогатен со ексклузивните интервјуа со Јелена Бачиќ Алимпиќ и со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Неговата Екселенција Милан Јазбец, но и со првите луѓе на многу значајни субјекти од економијата, бизнисот и претприемништвото, од медицината, културата, женското лидерство, новинарството. Репортажно се претставени и двата големи проакта на агенција „Марили“ манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2017“ и тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“. А, преку текст и низ прекрасни фотографии ве покануваме да бидете „Гостин во земјата на природните чуда“ и да се запознаете со ретките природни убавини со кои изобилува Македонија.


 

Содржината е прочитана 223 пати.