Бизнис каталог

Бизнис каталог 2018 / летно издание

Во летното издание на Бизнис каталог на Република Македонија за 2018 година се опфатени итересни и атрактивни содржини за промоција на нашата земја како туристичка и бизнис-дестинација.

Темата „Гостин во земјата на природните чуда“ им е посветена на природните убавини и реткости на ова мало парче земја, кое е одлична туристичка мека за сите посетители и случални намерници. Меѓу големиот број бизнис-интервјуа со значајни домашни и странски личности се и ексклузивното интервју со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Н.Е. Милан Јазбец, како и познатата писателка од Република Србија г-ѓа Јелена Бачиќ Алимпиќ, чија последна книга „Куферот од Берлин“ читателите може да ја купат со попуст со ваучерот на издавачката куќа „Матица“, кој е подарок во ова издание на каталогот.

На страниците на каталогот репортажно се претставени и двата големи проекти на агенцијата „Марили“ - „Избор на најуспешни жени менаџери на Република Македонија“ и тематскиот дена „ДАМА-ДА - Здравјето и убавината во функција на современата жена“. Тематскиот дел едукативно и информативно му е посветен на современиот животен стил на жената, а го опфаќа и гостувањето на писателката Јелена Бачиќ Алимпиќ, како и хуманитарната аукција на слики одржана во рамките на „ДАМА-ДА“.

Во каталогот се сместени и содржини со комплетна програма на фетивалот „Охридско лето“. Каталогот, како единствен промотор на нашата земја, електронски може да се прелистува на порталот на Марили www.marili.com.mk , може да с енајде во бизнис и во БИП-салоните на аеродромите ТАБ во Скопје и Охрид, во амбасадите конзулатите, хотелите и во широката продажна мрежа.

На нашите читатели од целиот свет сакаме да им порачаме дека имаме прекрасни природни убавини, но сакаме да им покажеме и развојна компонента на нашата млада држава. Искрено се надеваме дека ќе поттикнеме и размена на информации и ќе ја подобриме комуникацијата меѓу деловните субјекти во нашата земја и надвор од неа. На бизнис-заедницата во Европа и низ светот, како и нашата дијаспора им порачуваме да дојдат во Република Македонија и да инвестираат во македонската економија.