Инфо

Скопјани од 1 август ќе плаќаат поевтино парно

Цената за дистрибуција на потршувачите на БЕГ се намалува за 3,1 отсто, за Скопје-Север за 0,76 отсто, а за ЕЛЕМ енергетика за 1,13 отсто

понеделник, 30 јули 2018

Скопјани ќе плаќаат поевтино парно од 1 август годинава. Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ја намали цената што ќе ја плаќаат граѓаните на Скопје за потрошена топлинска енергија од 1 август.

Како што информира претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски цената за дистрибуција на потршувачите на БЕГ се намалува за 3,1 отсто, за Скопје-Север за 0,76 отсто, а за ЕЛЕМ енергетика за 1,13 отсто.

Бислимовски потенцираше дека намалувањето доаѓа во услови кога цената на природниот гас е за 40 отсто повисока во однос на лани.

Покрај тоа РКЕ за 8,4 отсто ја намали и цената за фиксните трошоци односно цената што ја плаќаа граѓаните кои се исклучени од системот за топлинска енергија.

 

Содржината е прочитана 81 пати.