Инфо

Индустриското производство во јуни пораснало за 12,1 отсто

Најголем пораст во јуни годинава во однос на јуни лани е забележан во групата „капитални производи“ и тоа 34,2 отсто

понеделник, 30 јули 2018

За 12,1 отсто пораснало индустирското производство во јуни оваа година во однос на јуни лани. Според податоците на Државниот завод за статистика за првите шест месеци годинава индустриското производство бележи пораст од пет отсто во однос на периодот јануари – јуни 2017 година.

Најголем пораст во јуни годинава во однос на јуни лани е забележан во групата „капитални производи“ и тоа 34,2 отсто, потоа во „трајни производи за широка потрошувачка“ 20,1 отсто, па во групата „интермедијарни производи, освен енергија“ за 13,5 отсто и кај групата „енергија“ за 12,3 проценти.

Гледано по сектори, индустриското производство има пораст од 16,3 отсто во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, додека во секторот „рударство и вадење на камен“ бележи опаѓање од 4,2 отсто.

 

Содржината е прочитана 51 пати.