Инфо

ЛУКОИЛ Македонија отвори нова бензинска станица пред влезот во Грција

Во новата бензинска станица потрошувачите ќе може да наточат високо квалитетно брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, кое е најефикасно на македонскиот пазар

петок, 27 јули 2018

ЛУКОИЛ Македонија отвори нова бензинска станица во Гевгелија, пред грчката граница. Лоцирана е на улицата „Бошко Бозаџиев“ бр.6 А, Мрзенци, пред влезот во Грција на Автопат Е 75.

Во новата бензинска станица на ЛУКОИЛ Македонија, која е отворена во соработка со компанијата „Ранерс“ потрошувачите ќе може да наточат високо квалитетно брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, најефикасно гориво на македонскиот пазар кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото побрз старт и намалена потрошувачка на гориво, потоа ТНГ, масла од палетата на ЛУКОИЛ, широк спектар на дополнителен асортиман, wi-fi и други поволности.

Оваа 30-та бензинска станица на ЛУКОИЛ Македонија e изградена во новиот корпоративен стил на компанијата. Се простира на површина од 3.400 квадратни метри со објект од 420 квадрати, а во склоп на бензинската станица има ресторан со широк асортиман на вкусни јадења, како и паркинг за лесни и тешки возила.
 

Содржината е прочитана 64 пати.