Инфо

Ќе поевтинат потрошувачките кредити

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за заштита на потрошувачи со кои ќе ги обврзе банките и финанските друштва кои нудат кредити на граѓаните да ги намалат трошоците при одобрување на кредитите

петок, 27 јули 2018

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за заштита на потрошувачи со кои ќе ги обврзе банките и финанските друштва кои нудат кредити на граѓаните да ги намалат трошоците при одобрување на кредитите. Тоа значи дека во иднина граѓаните ќе плаќаат помалку при аплицирање за потрошувачки кредит

Сега банките на граѓаните им пресметуваат и наплатуваат високи трошоци за одобрените потрошувачки кредити, особено за кредитите одобрени во мали износи и со кратки рокови на отплата.

„Со цел граѓаните да не плаќаат прекумерни трошоци за потрошувачките кредити и да се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, ќе се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити“, се вели во образложението за измените.

 

Содржината е прочитана 61 пати.