Инфо

Црвен крст отвори жиро сметка за настраданите во Грција

Парична помош заинтересираните можат да уплатат на жиро сметка на Фондот за солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 - Комерцијална банка

среда, 25 јули 2018

Црвениот крст на Република Македонија отвори жиро-сметка на која сите заинтересирани правни субјекти и граѓани ќе можат да се вклучат во акцијата за помош на настраданото население во пожарите во Грција.

Парична помош заинтересираните можат да уплатат на жиро сметка на Фондот за солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка.

Заинтерсираните може да донирааат по 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143-400.

Донации на средства во странска валута може да се префрлат на:

Name od organization: Macedonian Red Cross
Bank Name: Komercijalna banka AD Skopje
Bank Adress: Ul. Orce Nikolov No.3, 1000 Skopje, Macedonia
Bank Account: 30000000000013325730522-11
Swift Code: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

„Пожарите кои го зафатија подрачјето на Атина во Грција предизвикаа големи материјални штети кои го погодија населението, но за жал и човечки загуби. Црвениот крст на РМ континуирано ја следи состојбата и согласно добиените насоки од страна на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соодветно ќе дејствува“, се наведува во соопштеннието на Црвениот крст.

Преземено од МИА
 

Содржината е прочитана 68 пати.