Инфо

ЕБРД треба да одобри нова стратегија за 2018-2023 за еколошка инфраструктура во Македонија

Една од целите на стратегијата е подобрена еколошка инфраструктура (вода, отпад и отпадни води) на локално и општинско ниво

вторник, 24 јули 2018

Кон крајот на годината се очекува да биде одобрена новата стратегија за Македонија на Европската банка за обнова и развој, за која вчера разговараа тим на ЕБРД предводен од Анка Иоана Ионеску, раководител на канцеларијата на банката во Македонија и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска.

На средбата е претставена новата нацрт-стратегија за Република Македонија за периодот 2018-2023 и се посочени клучните приоритети со цел да се воспостави координација со планираните активности на Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Со оглед дека една од целите на оваа стратегија е подобрена еколошка инфраструктура (вода, отпад и отпадни води) на локално и општинско ниво, на состанокот е договорено Министерството до средината на август да даде свои коментари во однос на документот. Конечното одобрување на стратегијата, со што ќе започне нов циклус на финансиска поддршка во Македонија се очекува да се случи при крајот на годината, во текот на декември“, соопшти Министерството.

Преземено од МИА
 

Содржината е прочитана 75 пати.