Бизнис вести

Кинески „Хисенс“ е новиот сопственик на „Горење“ од Велење

Инвестициски светници од „Илирика“ успешно го спроведоа преземањето на словенечката компанија од кинескиот холдинг кој сега поседува 95,4 отсто од сопственичката структура на „Горење“

вторник, 24 јули 2018

Кинескиот холдинг „Хисенс" (Hisense), официјално стана сопственик на словенечката компанија за бела техника „Горење" од Велење. „Хисенс" сега поседува 95,42 отсто од сопственичката структура на компанијата за производство на апарати за домаќинство и бела техника.

Понудата за откуп е прифатена од 5.165 акционери, а во преземањето учестуваа инвестициски советници од „Илирика“.

Компанијата „Хисенс“, која претходно поседуваше 32,96 отсто од акциите во „Горење“, плати вкупно 183 милиони евра за докупување на останатите 62,46 проценти од акциите. Со ова, е проценета на нешто помалку од 300 милиони евра.

Од „Хисенс“ велат дека нема да има промени во брендот „Горење“, туку дека фабриката во Велење ќе биде нов центар за истражување и развој на „Хисенс“. Со ова тие ќе ја зголемат ефикасноста во производството преку интеграција на производствените капацитети.

Преземањето треба да биде одобрено од регулаторите на пазарите каде што работат двете компании, како и од Европската Kомисија. Игор Штембергер, претседател на Управниот одбор на „Илирика“ очекува одобрувањето да се добие наесен.
 

Содржината е прочитана 86 пати.