Инфо

Бензините поевтинуваат за еден, дизелот за 1,5 денари по литар

Според новиот ценовник, новата цена на Еуросупер БС 95 изнесува 71 денар за литар, а на Еуросупер БС 98, пак, 73 денари за литар додека Еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар

понеделник, 23 јули 2018

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали цените на нафтените деривати, со што од ноќеска на полноќ бензините ќе бидат поевтини за еден, а дизелот за 1,5 денар по литар.

Според новиот ценовник, новата цена на Еуросупер БС 95 изнесува 71 денар за литар, а на Еуросупер БС 98, пак, 73 денари за литар. Екстралесното масло за домаќинство ќе чини за 51,5 денари за литар, додека Еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М -1 НС се намалува за 0,81 денари за килограм и новата цена на овој енергенс ќе изнесува 33,897 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 1,96 проценти. Регулаторна ја донесе одлуката врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.
 

Содржината е прочитана 43 пати.