Бизнис вести

Акциите на Комерцијална банка и најтргувани и со најголем пораст на вредноста

Македонска берза го објави билтенот за јнуари-јуни годинава според кој порастот на вредноста на акциите на Комерцијална банка е +89,9 проценти, по што следуваат акциите на „Жито Лукс“ и на ВВ „Тиквеш“

петок, 20 јули 2018

 

Акциите на Комерцијална банка оствариле најголем пораст во првите шест месеци од оваа година, а истовремено биле и најтргувани на Македонската берза за хартии од вредност.

Според податоците објавени во билтенот за јануари-јуни година на Берзата, во овој период вредноста на акциите на Комерцијална банка е +89,9 проценти, на „Жито Лукс“ +69,6 отсто, на Винарската визба „Тиквеш“ +65,7 отсто, додека порастот на вредноста на акциите на „Арцелор Миттал“ е +60,8 а на Окта +58,1 проценти.

Акциите на Комерцијална банка имале промет од 769 милиони денари, по што следуваат „Алкалоид“ со 354 милиони денари и на НЛБ Банка со 191 милиони денари. На листата најтргувани акции се и Стопанска банка АД Скопје со 155 милиони денари и „Гранит“ со 119 милиони денари.

Во првата половина од годинава, Берзата остварила промет од 6,8 милијарди денари што е зголемување од 234 отсто во однос на истиот период лани кога прометот изнесувал 2 милијарди денари.
 

Содржината е прочитана 62 пати.