Бизнис вести

Градежнта комора бара да престане да се укинуваат веќе донесени детални урбанистички планови

Врз онова на проценките на Градежната комора на Македонија, со моментот на укинување на ДУП–овите и мораториумот на ДУП-ови државата претрпува штета поголема од една милјада евра

четврток, 19 јули 2018

Да престане укинувањето на веќе донесените детални урбанистички планови (ДУП), бидејќи тоа ја доведува во прашање правната сигурност на инвеститорите во градежниот сектор. Тие трпат големи финансиски штети, но освен нив, трпат и другите 26 поврзани сектори, потоа граѓаните кои одлучиле да купат стан, банките, како и општините и државата. Ова беше речено денеска на прес конференција во Сојузот на стопански комори (ССК).

Според Градежната комора на Македонија, со укинувањето на постојните ДУП-ови, практично се укинува високоградбата, бидејќи, доколку се укине одреден ДУП за изградба на некој станбен објект, тогаш по автоматизам се блокираат сите процеси поврзани со градењето. А, бидејќи правната сигурност е основа за инвеститорите, тие ќе престанат да градат. Истовремено се испраќа и сигнал до компаниите, и домашни и странски, никогаш да не инвестираат во Македонија.

„Правната сигурност не смее да се доведува во прашање, ниту да се доведуваат во неизвесност инвеститорите кои немаат никаква поврзаност со носењето ДУП-ови или купувачите и банките што ги дале кредитите врз основа на предимотен лист или хипотеки со претходно добиено одобрение за градба“, рече претседателот на Градежната комора, Ивица Јаќимовски.

Тој појасни дека врз онова на проценките на Градежна комора, со моментот на укинување на ДУП–овите и мораториумот на ДУП-ови државата претрпува штета поголема од една милјада евра. А, носењето нов ДУП е сложен процес кој трае повеќе од две години.

Од Градежната комора велат дека до неодамна во Македонија не се случува да се укине ДУП, но оти во последниот период се укинати три детални урбанистички планови во Карпош.
 

Содржината е прочитана 32 пати.