Инфо

Викендов втор пат ќе се прска против комарци во Скопје

Авионската дезинсекација ќе се одвива во сабота и во недела, додека терестричната ќе почне в недела и ќе заврши најдоцна до четврток, во период од 23 до 04 часот, наредниот ден

четврток, 19 јули 2018

Втората дезинсекција против комарци во Скопје ќе се спроведе викендов, соопштија градските власти.

Авионското прскање против возрасни форми на комарцина подрачјето на градот ќе се одвива во сабота и во недела во раните утрински часови, додека терестричната дезинсекција, пак, ќе почне в недела и ќе заврши најдоцна до четврток, во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, тоа ќе биде направено првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови“, информираат од Град Скопје и апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

Содржината е прочитана 61 пати.