Инфо

ЈСП „Скопје“ ќе земе 10 милиони евра кредит за да купи нови еколошки автобуси

Во план е да бидат набавени 40 нископодни автобуси на гас од кои две третини ќе бидат зглобни, а останатие единечки опремени со најсовремена технологија

четврток, 19 јули 2018

Десет милиони евра ќе се задолжи Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за да набави 40-ина нови еколошки автобуси на гас. Кредитот што ќе биде земен од меѓународна кредитна институција, ќе биде со каматна стапка шест-месечен ЕУРИБОР плус 1 отсто маржа, грејс период три години и рок на отплата седум години, без вклучен грејс период. Град Скопје е гаранција за плаќање на кредитот.

Одлуката за задолжување се најде на усвојување пред советниците на Град Скопје вчера.

Како што претходно појасни градоначалникот Петре Шилегов, во план е да бидат набавени 40-ина нови нископодни автобуси на гас од кои две третини ќе бидат зглобни и достапни за лица со посебни потреби, а една третина единечни нископодни и опремени со најсовремена технологија. Овие возила за 90 проценти помалку ја загадуваат животната средина од сегашните дизел автобуси кои што во моментов возат по градските улици.

 

Содржината е прочитана 75 пати.