Инфо

Македонија ја потпиша Конвенцијата на ОЕЦД

Конвенцијата потпишана од повеќе од 120 држави овозможува взаемна адинистративна помош и соработка во борбата против даночната евазија и сивата економија

четврток, 19 јули 2018

Со цел борба против даночната евазија и сивата економија, Република Македонија ја потпиша Конвенцијата за заемна административна помош за даночни прашања на ОЕЦД и Советот на Европа, соопшти денеска Министерството за финансии.

Станува збор за Конвенција потпишана од повеќе од 120 држави која овозможува даночна соработка меѓу потписниците преку размена на информации, соработка при наплата на даноци, заеднички даночни контроли...

„Конвенцијата е глобален инструмент за даночна соработка меѓу државите и воедно најопширна мултилатералнa конвенција за размена на информации и даночна соработка. Меѓу земјите потписнички се и земјите од Г-20 и земјите членки на ОЕЦД. Од регионот, потписнички на конвенцијата се Албанија, Бугарија, Хрватска и Словенија“, информира Министерството.

Преземено од МИА
 

Содржината е прочитана 74 пати.