Инфо

Таксистите уште пет месеци ќе возат без ГПРС уреди

УЈП за сите авто-такси превозници се продолжи рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до крај на годината

среда, 18 јули 2018

Таксистите можат до крајот на годинава да возат без ГПРС уреди. Управата за јавни приходи го продолжи рокот до 31 декември оваа година за користење на интегриран автоматски систем за управување (ГПРС) кај таксистите. Тоа значи дека за сите авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред.

„Согласно Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“ бр.121 од 02.07.2018 година, вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување до 31 декември 2018 година“, се веи во соопштението.

Претходно планираниот рок беше до 1 јули. Инаку, оваа обврска се одложува веќе со години. Во 2015 година обврската за 9.000 такси превозници беше одложена до крајот на истата година.
 

Содржината е прочитана 65 пати.