Инфо

Поради ремонт се исклучува Блок 2 на РЕК Битола

Во комбинатот почнуваат подготовките за редовниот годишен ремонт предвиден за 25 овој месец

вторник, 17 јули 2018

РЕК Битола во текот на денов ќе изврши планирано исклучување на Блок 2 и ќе почнат подготовките за редовниот годишен ремонт, што е предвиден за 25 овој месец, соопшти денеска АД ЕЛЕМ.

Од компанијата информираат дека РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 3, додека на Блок 1 привршува капиталниот ремонт и набрзо ќе се вклучи на мрежата.

„АД ЕЛЕМ произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија. Сето тоа зборува за добрата кондиција на производните капацитети и доброто менаџирање на ресурсите во насока на обезбедување енергетска стабилност на системот“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

 

Содржината е прочитана 50 пати.