Инфо

Годинава К-15 изнесува минимум 9.610 денари

Регресот за годишен одмор треба да изнесува најмалку 40 проценти од износот на просечната нето плата во последните три месеци

вторник, 17 јули 2018

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор во износ од минимум 9.610 денари.

Износот на популарниот К-15 се утврдува во зависност од податоците на Државниот завод за статистика за движењето на просечната нето и бруто плата во последните три месеци од периодот на исплата. Регресот треба да изнесува најмалку 40 проценти од износот на просечната нето плата во последните три месеци. Тоа значи дека, според последните податоци на ДЗС, износот на К-15 за 2018 година треба да се движи од 9.610 до 14.090 денари.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а единствениот услов којшто вработените во приватниот сектор треба да го исполнат е да бидат вработени најмалку 6 месеци во тековната година кај ист работодавач.
 

Содржината е прочитана 64 пати.