Инфо

„Паркинзи на Општина Центар“ почнува со ажурирање на податоците на корисниците на паркиралиштата

вторник, 17 јули 2018

Сите корисници на затворените паркиралишта ќе бидат информирани преку СМС-порака по што ќе треба лично да дојдат во дирекцијата на ПОЦ со документите потребни за добивање кориснички договори за паркинг

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) од денес ќе почне со ажурирање на податоците на корисниците на затворените паркиралишта со кои стопанисува претпријатието. Ажурирањето има за цел да ги подобри и унапреди паркинг-услугите во насока на обезбедување повеќе слободни паркинг-места за жителите.

Од претпријатието информираат дека сите корисници на затворените паркиралишта ќе бидат информирани преку СМС-порака по што ќе треба лично да дојдат во дирекцијата на ПОЦ со документите потребни за добивање кориснички договори за паркинг.

Ажурирањето на податоци ќе почне од паркиралиштето „Дом на градежници“, а во наредните два месеци ќе се спроведе и на останатите две затворени паркиралишта „Аутомакедонија“ и „Трготекстил“.

 

Содржината е прочитана 138 пати.