Бизнис вести

Наскоро излегува летното издание на Бизнис каталог 2018

Агенција „Марили“ го подготви најновиот Бизнис каталог кој на повеќе од 100 страници нуди богата содржина

понеделник, 16 јули 2018

Наскоро на продажните места низ Република Македонија ќе може да го најдете новото, летно издание на Бизнис каталог 2018, што излегува во издание на агенција „Марили“.

Во овој број на Бизнис каталогот има ексклузивен подарок за секој читател – ваучер од издавачката куќа „Матица“ со 50 проценти попуст за романот „Куферот од Берлин“, последното, најново дело на најпознатата и најпродавана писателка на балканските простори, Јелена Бачиќ Алимпиќ.

На повеќе од 100 страници Бизнис каталогот 2018 летно издание нуди богата содржина. Во овој број има ексклузивно интервју со Јелена Бачиќ Алимпиќ, но и со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец, со Јигит Лачин, координатор на аеродромите во ТАВ Македонија и уште многу други интервјуа со водечки луѓе во компании од разни бизнис сектори. Може да прочитате и да се информирате и за ретките природни убавини на нашата земја коишто задолжително треба да се видат, како и бројни други содржини.

Од следната недела на трафиките низ Македонија побарајте го летното издание на Бизнис каталог 2018 – „Македонија“.
 

Содржината е прочитана 112 пати.