Инфо

Објектот на фабриката „Маја“ во конкуренција за награда во САД

Архитектонско дело на Александар Карангелов, после првите две селекции е во групата на петте финалисти во категоријата индустриски објекти – фабрики

понеделник, 16 јули 2018

Објектот на фабриката за полнење вода „Маја“ во Македонија, архитектонско дело на Александар Карангелов е во конкуренција со пет други индустриски објекти за наградата Architizer A+ во САД.

После првите две селекции објектот на архитектот Карангелов е селектиран во групата на петте финалисти во категоријата индустриски објекти – фабрики. Освен гласањето на жири комисијата, се гласа и онлине, каде проектот на Карангелов во моментов е на прво место со освоени 37 проценти од онлајн гласовите.

Онлајн гласањето трае до 20 јули и може да се направи на следниот линк: The Architizer A+ Popular Choice Awards needs YOU

Architizer A+ годишните награди во САД се одржуваат по 6. пат во организација на Architizer. Учесниците се оценуваат од повеќе од 400 истакнати стручни лица од различни области како архитектура, мода, издаваштво, индустриски дизајн и др.

Наградите имаат за цел да го потсетат светот дека архтиектурата игра многу голема и важна улога со нивните дела, да потсетат и наградат простори и објекти кои архитектите ги создаваат.

По објвениот конкурс и пријавување на објектот, со потребниот материјал, објектите беа селектирани, во различни групи на објектите и дизајн

Преземено од МИА
 

Содржината е прочитана 198 пати.