Бизнис вести

Американски „Теламон“ гради фабрика во Македонија

Компанијата која во Инџиково, општина Гази Баба ќе произведува електрични кабли за автомобилската индустрија планира да инвестира 11 милиони евра. Првично ќе бидат инвестирни четири милиони евра и ќе се вработат 300 лица, а долгорочниот план е 600 вработувања

петок, 13 јули 2018

Министерката за привлекување странски инвестиции, Зорица Апостолска и директорот на американската мултинационалната компанија „Теламон“, Том Пуза денеска потпишаа договор за државна помош за реализација на американска инвестиција во Македонија. Компанијата која во Инџиково, општина Гази Баба ќе произведува електрични кабли за автомобилската индустрија планира да инвестира 11 милиони евра.

Директорот на „Теламон“, Пуза истакна дека е планирана долгорочна соработка, дека првично ќе бидат инвестирни четири милиони евра со вработување на 300 лица, но оти долгорочниот план е 600 вработувања.

„До крајот на годината очекуваме да имаме 50 вработени, веќе се примени првите, а првите производи до потрошувачите требада ги испорачаме до есен“, рече Пуза и појасни дека Македонија ја избрале помеѓу повеќе земји од Централна и Источна Европа за да го прошират производствоо од САД во Европа.

„Остануваме посветени на создавање поволна деловна бизнис и атрактивна клима за да ја препознаат Македонија како стабилна долгорочна бизнис дестинација која обезбедува и сигурност на нивната инвестиција и капитал“, рече премиерот Заев кој присуствуваше на потпиувањето на договорот.

Министерката Апостолска појасни дека предвидената поддршка е во делот на поврат по основ на инвестициски вложувања, вработувања со плати над 18.000 денари, извоз, корпоративен и персонален данок. Таа истакна дека инвестицијата е огромна придобивка која позитивно ќе влијае на домашниот БДП, со оглед на тоа што ќе овозможи нови работни места, трансфер на стручни знаења и зголемена соработка со домашните компании.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека изборот на „Теламон“ да го прошири своето производство во Македонија покажува дека земјата е конкурентна во својата политика на поддршка на директните странски инвестиции.

„Ова е една од бројните странски инвестиции кои дојдоа во последните месеци во Република Македонија. ’Теламон’ има над 2.000 вработени, функционира во повеќе држави во светот и има 784 милиони долари промет на годишно ниво“, рече Анѓушев и појасни дека претставници на компанијата дошле само пред шест месеци, а за овој период Владата успеала да создаде услови таа да почне со своите активности.

„Теламон“ работи во Мексико, Кина и САД каде што има претставништва на девет локации. Ова е прва фабрика отворена во Европa.

 

Содржината е прочитана 53 пати.