Инфо

Во сабота, во Скопје ќе се прска против ларви од комарци

Терестричната дезинсекција ќе се спроведува на 16 јули, понеделник

четврток, 12 јули 2018

Викендов ќе продолжи прскањето против комарци во Скопје. Градските служби информираат дека во наредниот период ќе се врши прскање против ларви од комарци.

Во сабота, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција, додека во понеделник, на 16 јули во текот на денот ќе се прска од земја.

Од Град Скопје потенцираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни, во истиот термин.

Исто така, ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат неопходните мерки за да ги заштитат пчелите.
 

Содржината е прочитана 32 пати.