Инфо

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар

Со најновата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се подава по 72 денари за литар, Еуросупер БС-98 по 74 денари, а Еуродизел по 64 денари за литар

понеделник, 09 јули 2018

Регулаторната комисија за енергетика одлучи, малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за еден, а на дизелот за половина денар по литар.

Така, според одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 72 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 74 денари, додека Еуродизел по 64 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство, пак, ќе им цена од 52,50 денари за литар.

Истовремено се зголемува и цената на мазутот, кој од ноќеска на полноќ ќе се продава по 34,711 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 75,88 долари за барел и е повисока за 2,78 проценти, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52,60 денари и е понизок за 0,21 процент.

 

Содржината е прочитана 70 пати.