Инфо

Уништени 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло

Од вкупните количини откриена небезбедна храна 59.298 килограми се од домашно производство, а остатокот од увоз

петок, 06 јули 2018

Уништени се 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло (месо, производи од месо и од млеко, риби, мед и јајца) од почетокот на годинава до крајот на минатиот месец, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Поголем дел, или 43.668 килограми небезбедна храна уништиле оператори, односно фирмите врз основа на воспоставени внатрешни контролни системи за безбедност на храната (HACCP), додека инспекциските служби на Агенцијата уништиле 17.141 килограми.

Од вкупните количини уништена небезбедна храна 59.298 килограми се од домашно производство, а остатокот од увоз.

Од АХВ ги повикуваат граѓаните сите недоследности во поглед на безбедноста на храната да ги пријават во Агенцијата на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, лично, или електронски на info@fva.gov.mk.

 

Содржината е прочитана 147 пати.