Инфо

Кина и САД во трговска војна

Откако САД во 12,01 часот по источно американско време ги зголеми царинските давачки за увоз на кинески стоки, Кина возврати со реципрочни мерки кои, исто така стапија во сила веднаш

петок, 06 јули 2018

САД ги зголеми царинските давачки на 34 милијарди долари за увоз од Кина во 12,01 часот по источно американско време. Американските царини од 25 отсто се однесуваат на 818 кинески увозни стоки во вредност од 34 милијарди долари. Тие се првата фаза од давачките со кои се закани администрацијата на Трамп за кинески стоки во вкупна вредност од 450 милијарди долари.

Обвинувајќи го Вашингтон дека ја започна „најголемата трговска војна во економската историја“, која ќе ги потресе пазарите и ќе го погоди светскиот економски раст, Кина возврати со реципрочни мерки кои, исто така стапија во сила веднаш.

Како што јавува „Associated Press“, ова е прв чекор што може да доведе до верижна реакција и да забрза серија нови тарифи.

Министерството за трговија на Кина претходно сооопшти дека земјата нема друг избор освен да возврати откако САД „ја почнаа најголемата трговска војна во економската историја“. Пекинг го обвини Вашингтон и за прекршување на трговските правила на Светската трговска организација.

Кинеската страна иако вети дека во никој случај нема да го направи првиот удар, сега, се потенцира дека е присилена да тргне во контра напад за да го заштити интересот на својот народ.

„Кинеската страна вети дека нема прва да реагира, но во обидите да се заштитат интересите на нашата земја и нашиот народ, ние сме присилени да возвратиме со нужни противмерки“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за тровија.

Кина ќе ја извести Светската трговска организација за оваа ситуација и порача дека ќе соработува со останатите земји, за да се зачува слободната трговија, како и дека земјата ќе продолжи да ги отвора своите пазари и да воведува реформи.
 

Содржината е прочитана 47 пати.