Инфо

Денеска стартува електронското плаќање патарина

Плаќањето со специјална електронска картичка е воведено на патарините на автопатот Скопје-Велес, но засега паралелно може да се плаќа и со пари

четврток, 05 јули 2018

Од денеска стартува електронското плаќање на патарините на автопатот од Скопје до Гевгелија. Плаќањето со специјална електронска картичка е воведено на патарините на делницата Скопје-Велес, но засега паралелно може да се плаќа и со пари.

Картичките може да се купат на безнинските пумпи и тие може да се надополнуваат за онолку пари колку што ќе одлучи патникот.

Наскоро се очекува на сите наплатни станици што ги има на автопатот од Табановце до Богородица, кој е дел од Коридорот 10 кој поминува низ Македонија да биде воведено електронско плаќање на патарините.

 

Содржината е прочитана 162 пати.