Инфо

За 1.000 денари е зголемен посебниот додаток за лица со посебни потреби

Со измените на Законот за заштита на децата е предвидено зголемување на сумата за корисниците на право на посебен додаток за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години, како и здравствено осигурување на овие лица доколку не се осигурани согласно со Закон

среда, 04 јули 2018

За 1.000 денари е зголемен износот на посебниот додаток наменет за лицата со посебни потреби и наместо 4.202 денари, тој сега ќе изнесува 5.021 денар.

Со измените на Законот за заштита на децата е предвидено зголемување на сумата за корисниците на право на посебен додаток за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години, како и здравствено осигурување на овие лица доколку не се осигурани согласно со Закон.

Со законските измени повеќе пари се предвиднеи и за самохраните родители кои имаат дете со специфични потреби со пречки во телесниот или менталниот развој, или комбинирани пречки во развојот до 26 години, кои наместо 6.303 денари колку што добиваа досега, во иднина ќе земаат 7.351 денар, додека материјално необезбедените родители кои се корисници на социјална помош и на постојана парична помош, а имаат дете со специфична потреба до 26 години ќе добиваат по 6.276 денари додаток наместо 5.252,50 денари.
 

Содржината е прочитана 50 пати.