Инфо

Силвија Маури е одговорно лице за земјоделство во канцеларијата на Светска банка во Скопје

Светска банка започнува со подготовка на новата стратегија за партнерство со Република Македонија, во која што земјоделството е високо на листата на приоритетни сектори

вторник, 03 јули 2018

Kонсултантот и експерт Силвија Маури е назначена за одговорно лице за земјоделство во канцеларијата на Светска банка во Скопје, кое од следната недела заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работи на анализа на приоритетите што може финансиски да ги поддржи во следниот период. Ова е прв пат по неколку години Светска банка да назначува специјален претставник кој ќе ги спроведува инвестициите во македонското земјоделство.

Од Министерството соопштуваат дека Светска банка започнува со подготовка на новата стратегија за партнерство со Република Македонија, во која што земјоделството е високо на листата на приоритетни сектори. На оваа тема денска разговарале министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели.

 

Содржината е прочитана 40 пати.